Мундијалот безбеден: Одбиени 25 милиони сајбер напади

LinkSense.mk

Ниту силниот летен дожд, ниту влегувањето на опозициската група „Пуси рајот“ на теренот на финалната средба, но ниту многубројните сајбер напади не можеа да ја расипат атмосферата на затварањето на Светското фудбалско првенство во Русија.

Претседателот Владимир Путин и руските полициски служби се многу задоволни што не се случил ниту еден посериозен инцидент.

Но, затоа хакерите од странство настојувале да му наштетат на домаќинот на Мундијалот.

После финалната средба, Путин изјави дека биле забележани 25 милиони сајбер напади на информативната структура на Руската Федерација во врска со фудбалскиот шампионат. Сите тие напади биле спречени.

За да не се случи некој несакан инцидент, домаќините на Мундијалот провериле повеќе од два милиона луѓе кои ги граделе објектите за првенството, како и волонтерите кои помагаа се да помине во најдобар ред.

Исто така, повеќе од 400 пати биле проверени 194-те објекти за да се утврди да не има радијација или какви било хемиски и биолошки супстанции, како и експлозивни материи.

Путин е одушевен и од реакциите на навивачите од разни страни на светот, кои го фалат руското гостопримство и извонредната организација. Ги награди така што со „пасошот на навивачите“ ќе можат без визи да доаѓаат и да ја посетуваат Русија.