Наградата „Роберто Беличанец“ за Изданијата на Метаморфозис

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) вечерва ја додели наградaта „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ 2019 на Изданијата на Фондацијата Метаморфозис.

Уредникот на Вистиномер, Владимир Петрески се заблагодари на наградата и истакна дека во изминатиот период работеле самопрегорно заедно на теми важни за македонското општество.

Горан Ризаов, раководител на медиумски проекти во Фондацијата Метаморфозис потенцира дека оваа награда за нив е големо признание.

„Ова е признание за мокотрпната работа во последната година и ова е доказ дека мали редакции кога работат сплотено имаат моќ да постигнат големи нешта, почитувајќи ги притоа професионалните новинарски стандарди и кодексот на новинари на Македонија“, рече Ризаов.