Намалена невработеноста во Македонија во 2020 година

Стапката на невработеност во 2020 година била 16,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, бројот на активно население во Република Северна Македонија е 950.858 лица, од кои вработени се 794.909, а 155.949 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56,4 отсто, а стапката на вработеност 47,2 отсто.

Податоците покажуваат дека лани, во првиот квартал, стапката на невработеност изнесувала 16,2, во вториот 16,7 отсто, во третиот 16,5 и во четвртиот квартал 16,1 отсто.

Во 2019 година стапката на невработеност изнесувала 17,3 отсто. Од вкупниот број невработени во 2020 година, 60,7 отсто биле мажи, 39,3 отсто жени.

Според возраста, најмногу невработени (98.362 лица) се меѓу 25 и 49 години.

Од вработените, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија 158.135 лица, трговијата на големо и мало 116.970 лица, земјоделство, шумарство и рибарство 95.545