Намалени водостоите на Дојранското и Охридското Езеро

LinkSense.mk

За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Охридското Езеро, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,56 метри повисок од повеќегодишниот просек за јуни. За разлика од него, нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за два сантиметра кај Охридското и за 1,86 метри кај Преспанското Езеро.

Пониски од просечните се и водостоите на повеќето реки во земјава. Исклучок се реките Бабуна на мерното место кај Богомила, Струмица кај Сушево, Црна Река кај Р.Б. Мост и Црн Дрим кај Ложани, каде нивото е повисоко од просечното за овој период од годината.

 

 

МИА