Авиокомпанијата „Визер“ ја намали својата прогноза за добивката за 2023 година затоа што, велат, биле погодени од „тешки услови за работење“ поради проблеми во ланецот за снабдување во авионската индустрија.
Унгарската нискобуџетен превозник, чии акции котираат на Лондонската берза, објави дека ќе биде принудена да приземји 45 од своите 200 авиони поради можни проблеми со нивните мотори, пишува „Фанансиал Тајмс“.
Се очекува дека нето добивката во тековната деловна година ќе биде меѓу 350 и 400 милиони евра, додека во јуни компанијата прогнозираше дека добивката би можела да достигне 450 милиони евра.