Наместо Википедија, Русија става своја енциклопедија на Интернет

Руска голема енциклопедија во форма на Википедија ќе биде поставена на Интернет во 2022 година и ќе биде преведена на неколку светски јазици.

Извршниот уредник и издавач на Големата руска енциклопедија Сергеј Кравец во разговор со новинарот на ТАСС рече дека земјите од БРИКС (Бразил, Индијам Кина и Јужна Африка) се посебно заинтересирани за оваа руска верзија на Википедија.

Големите општи енциклопедии се многу ретки и за сега на Интернет покрај Британика, постојат уште само германски Брокхаус и оваа на руски јазик, но таа не е достапна за повеќето земји, затоа што рускиот јазик не е доволно распостранет.

До 2022 година се планира Големата руска енциклопедија да биде преведена и достапна и на англиски јазик.

„Во руската енциклопедија од 22 до 23 отсто се информации поврзани за Русија, а останатите се од општо значање“, вели Кравиц.

Веб порталот со Големата руска енциклопедија ќе биде покренат денес, а на него покрај информациите ќе има и контроверзни текстови и најнови дебати на разни теми.

Рускиот претседател Владимир Путин на Советот за руски јазик на 5 ноември рече дека Големата руска енциклопедија кога ќе биде преведена на повеќе јазици ќе биде релевантен извор на информации.