Наместо онлајн, повторно останаа офлајн

Може ли некој да објасни зошто опозицијата во Собранието го одигра вака ова со изгласувањето на петтиот пакет финансиска помош за погодените компании и работници од пандемијата? Збунети се, неспособни или се само злобни?!

Не, не, не се важи климање со глава… Има ли некој објаснување?

Бидејќи, по којзнае кој пат имаа прилика решително да се вклучат во решавање на некој важен проблем или стратегиска аспирација на државава. Не вреди да се набројува… И повторно развлекуваа, уценуваа, се пазареа, тактизираа, се инаетеа, преговараа, филибастерираа, влегуваа-излегуваа и се потсмеваа на власта во обидите да обезбеди „здрав“ кворум за собраниско работење, а всушност со недели ја одолговлекуваа помошта за целото население. Од некоја причина, опозицијата веројатно мисли дека протестите на луѓето погодени од последиците на пандемијата не се однесуваат и на нив.

На крајот, по обичај, владејачкото мнозинство најде „скафандер“-начин да ги направи ирелевантни за изгласување на петтиот пакет помош, па и тие, доведени до свршен чин, дигнаа рака во корист на македонското граѓанство. Откако сите сфатија дека немаат со што веќе да манипулираат.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.