Две маскирани лица денеска убија едно лице во католичка црква во Истанбул, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Католичката црква Санта Марија се наоѓа во квартот Саријер.
Двајца мажи ја нападнале и ја убиле жртвата за време на неделната миса, напиша турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, на „Х“, некогашен Твитер.
Јерликаја напиша дека властите работат на фаќање на напаѓачите.
„Жртвата Ц.Т., која беше меѓу оние на мисата, беше цел на напад со огнени оружја од две маскирани лица и за жал го загуби животот“, истакна министерот на платформата „Х“.
И градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамглу, го осуди нападот.
Турските власти не го соопштуваат целосното име на жртвата, ниту кои се извршителите на нападот, иако според непотврдени извори, имаат информации за сторителите.
До овој момент не е јасно зошто жртвата била цел на напаѓачите.
(Фото: Илустрација-Турска полиција / Агенција Анадолу)