Напаѓачот на рускиот амбасадот бил отпуштен од полицијата после пучот во Турција

Убиецот на рускиот амбасадор во Турција е идентификуван како Мевлут Мерт Алтинас, поранешен припадник на турската полиција кој е отпуштен по спроведената истрага за неуспешниот воен преврат на 15 јули оваа година.

Турски медиуми пренесуваат дека дваесет и двегодишниот Алтинас, наводно, бил припадник на организацијата на проповедникот Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обидот за пуч.

Рускиот амбасадор почина откако при говорот на отварање на изложба во Анкара во него беа истрелани повеќе куршуми.

Убиецот бил застрелан од овезбедувањето и кај него е пронајдена полициска легитимација.