Доаѓа многу топло време со дневни температури над 30 степени

LinkSense.mk

Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе има чувство дека температурата на воздухот е повисока, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат од 11 до 22 степени, а максималните ќе достигнат до 39 степени.

УВ индексот ќе биде 9.

И покрај топлото време, од УХМР посочуваат дека претежно во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и услови за појава на краткотрајно невреме.

 

 

МИА