Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Наставниците денеска треба да знаат дали ќе имаат ново покачување на платите
Македонија

Наставниците денеска треба да знаат дали ќе имаат ново покачување на платите

ноември 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вработените во образованието денеска, според најавите, треба да знаат кога ќе го добијат новото покачување на платите, за кое Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) инсистира да почне од 1 јануари, а не од април 2020 како што им понуди Владата.

Во 11.30 часот денеска во просториите на Министерството за образование и наука е закажана средба на министерот Арбер Адеми со претставници на СОНК. Адеми и претседателот на Синдикатот Јаким Неделков вчера најавија дека денеска може да се очекува конечната одлука, а СОНК одлучи и штрајкот најавен за понеделник  (11 ноември) да го стави во мирување додека не се усогласат околу терминот за исплата на повисоки плати.

Најверојатно, покачувањето ќе остане на предложените 10 проценти, иако СОНК на почетокот бараше тоа да биде пропорционално со процентот на зголемувањето на минималната плата.

Адеми вчера изјави дека уште во текот на денот ќе има јасна слика за можностите и, како што рече, „до каде можеме и што можеме во врска со покачувањето на платите на просветните работници“.

Министерот го посети СОНК додека заседаваше неговиот Совет околу одржувањето на штрајкот и по средбата изјави дека сè уште не утврдиле финален став за, како што рече, „поместувањето на моментот“ на кој ќе се базира идното, трето покачување на платите.

„Се прават напори за обезбедување на потребните средства. Ова не се празни фрази, туку силна заложба да се најде заедничко прифатливо решение, нагласи министерот за образование и наука и посочи дека сега се разгледува опцијата наместо од април, да се обезбедат средства за зголемувањето на платите од јануари, како што бара СОНК.

За денеска ги повикал претставниците на СОНК на „последна рунда преговори“ во просториите на МОН за да разговараат за ставовите.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков претходно соопшти дека штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образование и наука, образложувајќи дека мирувањето е врз основа на анализите дека за зголемување на платите на МОН му се потребни уште неколку дена.

И премиерот Зоран Заев на новинарско прашање вчера одговори дека  одлуката за зголемување на платите на просветните работници  денеска ќе ја соопшти министерот Адеми.

„Министерот за образование и наука преговара со министерката за финансии. Тука се на припомош и другите ресори коишто прават свои отстапки, затоа што буџетот е толку. Сите солидарно гледаме да ги задоволиме приоритетите. Секако одлуката треба да биде соопштена утре, посочи Заев вчера.

Ланскиот и овој септември наставниците добија повисоки плати за по 5 проценти, но СОНК побара  платите да бидат зголемени до 25 отсто односно за онолку проценти колку што пораснала минималната плата. На првиот училиштен ден од учебната 2019/2020 Синдикатот организираше еднодневен предупредувачки штрајк со најава дека тој ќе биде активиран доколку за еден месец не биде постигнат договор.

По одржани неколку средби, најава дека има напредок во преговорите и поместување на позициите, но не и конечен договор, Адеми и Неделков соопштија минатиот петок по состанокот во Владата, искажувајќи оптимизам дека наскоро ќе има заемно прифатлива одлука.

актуелно наставници плати покачување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.