НАТО ја покани Македонија да почне преговори за членство

LinkSense.mk

НАТО денеска, на самитот во Брисел, ја повика Македонија да ги почне преговорите за членство во Алијансата.

Алијансата наведе дека Македонија може да и се придружи и да биде нејзина 30 членка откако во целост ќе се заокружи процесот за името на државата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера рече дека очекува дека Скопје на Самитот на Алијансата ќе биде повикано да ги почне преговорите за пристапување.

„Очекувам дека, после минатомесечниот историска спогодба за прашањето за името, ќе се сложиме да го повикаме Скопје да ги почне преговорите за пристапување. Штом спогодбата се финализира и примени, ќе можеме да ја повикаме поранешната југословенска република да стане членка на НАТО, со новото име Република Северна Македонија“, рече Столтенберг на конференцијата за новинари непосредно пред дводневниот самит.