Наутро студено, ветровито попладне

LinkSense.mk

Наутро ќе биде студено, а преку денот ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.