Најбогатиот Македонец го напушти медиумскиот бизнис

Големи сопственички промени се случија во „Медиа принт Македонија“, фирмата која ги поседува трите весници – „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“, пред најавениот штрајк на новинарите.

Јордан Камчев со фирма „Орка холдинг“ и Јана Станисаљева со фирмата „Интернет Инвестмент Груп“ излегоа од сопствеништво на компанија „Графички центар“ која пак го поседува „МПМ“.

Сега сопственик на „Графички центар“ е „Издаваштво Телеграф“.

vesnici 2

Доцна попладнево од компанијата на Камчев ги потврдија информации дека е продадена печатницата заедно со весниците на МПМ.

Јануарската плата, се вели во соопштението ќе им биде исплатена на вработените, но не се наведува кога.

Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските за месец јануари 2017 година, „Орка холдинг“.

Меѓу вработените во весниците е тензично и различни се мислењата за тоа што ќе донесат овие промени.

Сите случувања следат на еден ден пред штрајкот зад кој застана Синдикатот на новинарите и медиумските работници.

„Штрајкот е уставно загаранитрано право на работниците преку кои тие ги остваруваат своите права од Законот за работни односи. Во овој период за жал можам да константирам дека не само што немаше обид за медијација и за помирување, туку нашите синдикални претставници беа изложени на директен и на индиректен, вербален притисок.“ – изјави Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ.

Во трите весниците коишто ја донесоа одлуката за штрајк, вработени се околу 120 новинари, заедно со техничкиот персонал.

vesnici