Најмалку 10 загинати во пожар во ковид болница во Мумбај

LinkSense.mk

Најмалку десет лица загинаа откако пожар што избувна во трговски центар зафати болница во која се лекуваат пациенти со Ковид-19 во финансискиот главен град на Индија, Мумбај, соопштија денеска локалните власти.

Пожарот избувнал синоќа после полноќ во внатрешноста на трговскиот центар во областа Бхандап во Мумбаи, изјави портпаролот на општината.

Главниот министер на Махараштра, Удхав Такерај изјави дека 68 пациенти се евакуирани од болницата „Изгрејсонце“, која е на горните катови на трговскиот центар, и се префрлени во други болници.

Некои исчезнати лица се чини дека си заминале дома и по нив се трага, додаде Такери и информира дека вчера во болницата имало 78 лица.

Во тек е акција за потрага и спасување што ја спроведува противпожарна бригада.

Причините за пожарот сè уште се утврдува. Прелиминарните извештаи покажуваат дека тој почнал на првиот кат во трговскиот центар „Дримс мол“ и брзо се проширил на горните катови каде се наоѓа болницата.