На атинскиот аеродром уапсено лице кое проголтало 87 пакувања со кокаин

Странски државјанин (50) е уапсен на атинскиот аеродром во обид да внесе во Грција над еден килограм кокаин, што го проголтал во 87 пакувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Уапсениот ги проголтал пакетчињата со дрогата, а во Грција пристигнал од Гвинеја, патувајќи со авион преку Италија.

Од грчката полиција соопштуваат дека дрогата со вкупна тежина од 1.080 грама била конфискувана, а 50-годишниот бил уапсен во рамките на контролите за спречување на внесување на дрога во Грција од африканските земји.