На аџилак годинава од Македонија ќе заминат 672 верници

LinkSense.mk

Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општните Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше, годинава, како што јавува МИА, на аџилак ќе заминат 26 верници.

„Нашето муфтиство ги презеде сите неопходни активности за непречено заминување во светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот.

Верниците кои се пријавија ги поминаа сите неоходни лекарски прегледи, а ја примија и потребната вакцина”, потврдил дебарскиот муфтија Хаџи Рамазан Ефеди Хаса.