На граничниот премин Табановце се чека до 45 минути, на Богородица до 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини и зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица.

Како што соопшти попладнево АМСМ, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга,
Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Фото: МИА