На „Табановце“ е уапсен Драган Даравелски

LinkSense.mk

Полицијата денеска го приведе поранешниот директор на македонската Царинска управа, Драган Даравелски.

Даравелски беше баран со потерница на Интерпол. Во 2016 година беше уапсен во Белград, но не се случи неговата екстрадиција.

Министерството за правда, досега во четири наврати, во 2004, 2013, 2016 и во 2020 година, барало од Србија негово испорачување во Македонија.

Драган Даравелски во 2007 година беше осуден во отсуство на седум години затвор. Тој се товареше дека додека бил на функцијата ја злоупотребил службената положба и овластување. Неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски, беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра. Судот тогаш одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103.575.167 денари.