Неверојатна прва одлука на Трамп; Отпуштени сите американски амбасадори

Недолго откако Доналд Трамп положи заклетва како 45 претседател на САД, ги отпушти сите амбасадори кои ги именуваше администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, без подготвени замени, пишува „Индипендент“.

Трамп бара амбасадорите во сите земји кои ги постави поранешниот претседател да ги напуштат своите канцеларии уште денес и не остава можност за продолжување на работата.

Неговата транзициска екипа на 23 декември соопшти дека нема да има исклучоци и дека ниту еден амбасадор нема да остане на функцијата по инаугурацијата.

Оваа наредба опфаќа околу 80 амбасадори ширум светот.

Отпуштање на амбасадори не е невообичаена пракса на новите претседатели, но е невообичаено тоа што не се објавени сите имиња на оние кои ќе ги наследат функциите, што може да ги попречи односите на САД со некои земји, посебно со оние кои имаат „чуствителни“ односи со Америка, пишува „Индипендент“.

Некои од тие држави се Германија, Велика Британија, Кина, Индија, Јапонија и Саудиска Арабија.

Меѓу неколкуте најавени именувања се наоѓаат Ники Хајли, која ќе ја замени Саманта Пауер на позицијата амбасадор во ОН, адвокатот Дејвид Фридман кој е најавен како нов амбасадор во Израел и гувернерот на Ајова, Ник Хајлеј кој треба да биде нов амбасадор во Кина.

Има желба да биде амбасадор; Првата сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп
Има желба да биде амбасадор; Првата сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп

Првата сопруга на американскиот претседател, Иванка Трамп неколку пати изрази желба да стане амбасадор на САД во Чешка.

Иницијативата на некогашната сопруга на Трамп ја поддржа претседателот на Република Чешка, Милош Земан.