Невреме во Канада: Проработи свлечиште, има загинати и исчезнати

LinkSense.mk

Тело на жена е извлечено од едно свлечиште предизвикано од исклучително силни врнежи во канадската провинција Британска Колумбија на брегот на Тихиот океан, а се стравува дека можеби има уште загинати.

Екипите за спасување продолжуваат да трагаат за други можни жртви од свлечиштето кое беше предизвикано во понеделникот во месноста Пембертон, каде се пронајдени седум затрупани возила.

Точниот број на починати и исчезнати не се знае, а полицијата добила информации за уште две лица кои исчезнале, која се проверува.

Непроодните автопатишта во овој канадски регион, кои ќе бидат затворени на извесно време, дополнително ја отежнуваат состојбата, а пожарникарите и полицијата се обидуваат да ги транспортираат луѓето до центрите за евакуација.

За два дена сила бура, во Аботсфорд наврна количина на дожд која градот ја добива во текот на цел ноември.

Околу 1.100 домови се евакуирани во Аботсфорд, а во Мерит сите 7.000 жители биле приморани да ги напуштат куќите откако канализацискиот систем заради обилните врнежи откажа.

Жителите на западна Канада кои ова лето беа присилени да ги напуштат домовите заради шумски пожари и екстремни жештини, повторно мораат да го направат тоа но сега заради поплавите ширум регионот.

 

 

 

 

(Фото: АП)