Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба
Македонија

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

мај 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Сабота е последниот ден кога истекува третата–двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

Пендаровски, како што потврдија за МИА од Кабинетот на шефот на државата, ќе го свика Советот за безбедност в сабота, без оглед дали ќе
има ново барање од Владата за продолжување на вонредната состојба.

Премиерот Оливер Спасовски вчера изјави дека Владата до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе има прогласување нова вонредна состојба која, како што рече, е потребна пред сé за спроведување на економските мерки.

„Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи
вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и кога ќе заврши вонредната состојба, по 22 дена ќе се одржат изборите“, истакна Спасовски по посетата на Карбинци.

Партиите, пак, се уште се без договор за датум за избори.

Нема најава за нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, откако на двете претходни не беше постигнат договор за терминот за изборното соочување.

Според претседателот на СДСМ Зоран Заев, државата има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот на есен целосно подготвени.

„На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија“, објави Заев на фејсбук.

Ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е непромент – брзи избори не се
прифатливи и најважно е здравјето на граѓаните.

СДСМ, како што велат, сака избори по секоја цена само за да го намали неизбежниот пораз.

Тие не се против избори, но во соодветен термин.

Тоа, според нив, би било на крајот на август или почетокот на септември.

Потврдуваат дека постои канал на комуникација, но епилогот засега е неизвесен.

„Како што кажа и претседателот Мицкоски, канал за комуникација постои. Ние остануваме на нашиот став и тоа е непроменет дека сепак треба да се створат услови за избори. Здравјето на граѓаните е пред се, но да почекаме наредниот период да видиме како ќе се развиваат настаните вклучително и здравствената ситуација“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Аровски.

Вицепремиерката и министерка за одбрана и потпретседател на СДСМ
Радмила Шекеринска вчера порача дека ни се потребни избори што е можно поскоро за да функционираат државата и институциите.

„Мојот став е дека избори треба да организираме час поскоро затоа што ни треба држава и институции со полн капацитет за да им помогнеме на фирмите да преживеат, да им помогнеме на граѓаните кои ќе бидат во потешка социјална и економска ситуација, ни требаат закони, ни требаат пари и од странство, а за сите тие работи ни треба функционално Собрание. Мојот став е час поскоро и дефинитивно пред почетокот на летните месеци треба да ги организираме изборите“, изјави Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Кичево.

Ова, како што рече, не се избори кои треба да бидат по „ќеифот“ ниту на СДСМ, ниту на ДПМНЕ, туку се избори што треба да и овозможат на државата да функционира како часовник, а не да функционира со половина капацитет.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, пак, смета дека разликите меѓу политичките партии, вклучувајќи ги и најекстремните позиции по однос на датумот за избори, не се разликуваат повеќе од десет-петнаесет дена.

„Сметам дека не се ненадминливи разлики и ако деновиве продолжи интензивната комуникација меѓу партиите, како што и се случува мислам дека може да се сретнеме некаде околу 5 јули“, изјави вицепремиерот Османи.

Ставот на ДУИ, како што посочи, е дека ниту еден општествен процес не смее да ја влоши здравствената состојба, нешто со што, како што рече, се согласуваат сите политички партии и оти треба да има консензус по однос на датумот за избори бидејќи инклузивноста во процесот е многу важна за изборите.

Според Османи, најмалку што и треба на државата во услови на пандемија, на здравствена и економска криза, е политичките партии да се поларизираат до екстрем кој ќе ја доведе државата до политичка криза.

Тоа, вели, не го посакуваат граѓаните и не и треба на државата.

Случувањата околу изборите и преговорите меѓу власта и опозицијата
се следат во Брисел од каде порачуваат дека е потребен консензус бидејќи техничката влада „не може вечно“ да трае.

„Разумно е да се размислува за избори, не може вечно да има техничка влада, но секако изборите треба да се одржат доколку условите се исполнети“, велат за МИА високи функционери од Европската Комисија

Од Брисел, како и во европските престолнини, се укажува дека без
функционално собрание и демократски избрана власт, во време на криза кога треба да се носат суштински одлуки, сите политички партии треба сериозно да се посветат на преговорите и да одредат датум за избори, на консензуален начин.

Бојкот од една или друга страна, непризнавање на резултатите, се сценарија кои мора по секоја цена да се избегнат, коментираат во институциите на ЕУ, посебно со оглед на фактот дека од јуни проширувањето ќе се врати на дневниот ред на Унијата, со објавувањето на преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија

 

актуелно вонредна состојба избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.