Немири во Ерусалим: Палестинци се судрија со израелската полиција

LinkSense.mk

Во Ерусалим вчеравечер избија немири меѓу израелските безбедносни сили и Палестинците, на влезот во бегалскиот камп Шуафат, а некои од демонстрантите фрлаа камења на полицајците, јави, „Тајмс оф Израел“. Напнатоста таму сеуште трае.

Немирите избија откако неколку стотици Палестинци влегоа во бегалскиот камп за да одадат почит на екстремист на Хамас, кој утрината уби Израелец и рани уште четири лица во Стариот град.

Напаѓачот, кој е идентификуван како Фади Абу Шкајдам, според наводите на израелскиот весник, бил висок член на мрежата на Хамас во бегалскиот камп, а полицијата го убила на местото каде што се случил инцидентот.