Нерешено на „Етихад“: Продолжува борбата за титулата во Премиер лигата

LinkSense.mk

Фудбалерите на Манчестер Сити и Ливерпул одиграа нерешено (2:2) во дуелот од 32.коло на Премиер лигата.

Видовме неверојатен почеток на натпреварот. На Сити му требаа пет минути да поведе, Кевин де Бруин одлично го мина Фабињо, се намести за удар, а на патот кон голот топката го зафати Матипа, а потоа од стативата влезе во мрежата.

Осум минути подоцна по одлична акција Жота излезе сам пред Едерсон и од десетина метри го матираше Едерсон.

До полувремето Сити беше подобар противник. Избраниците на Пеп Гвардиола наметнаа свој ритам и беа опасност кон голот на Алисон.

Габриел Жесус во 37 минута повторно му донесе водство на Манчестер. Жоел Матип задоцни да направи офсајд замка, бразилскиот напаѓач остана потполно сам и го совлада Алисон.

Ливерпул влезе со сосема поинаков став во продолжението на мечот, тоа им се исплатеше веќе после 36 секунди, кога Мохамед Салах брилијантно го проигра Сади Мане, а тој погоди за ново израмнување.

Гостите имаа добра шанса да стигнат до целосен пресврт само неколку минути подоцна, Жота шутираше, но Едерсон одлично одбрани.

Сити се консолидираше по петнаесетина минути и се закани по одличниот соло продор на Габриел Жесус, за среќа на гостите, Ван Дајк се најде на вистинското место и ја исфрли топката од гол линијата.

Три минути подоцна Стерлинг и побегна на одбраната на Ливерпул, излезе сам пред Алисон, и погоди, но голот беше поништен поради офсајд.

Во последните дваесет минути Сити повторно беше подобар ривал, домашните имаа неколку солидни ситуации за третпат да поведат и да стигнат до победа, но не успеаја.

По 31 одигран натпревар, Сити има бод повеќе од Ливерпул, така што ни претстои многу драма до крајот на првенството.

 

 

 

 

 

(Фото: Танјуг)