НЕ МУ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО: Одложено уште едно рочиште против Мијалков

LinkSense.mk

Се одложи уште едно рочиште за „Титаник 2“, предмет каде обвинети се поранешниот лидер на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Одлагањето беше со образложение дека Мијалков, не е спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“ по склучената спогодба.

Наредба за спровод била уредно испратена до Кривичниот суд, но и уредно примена од страна на Управата на затворот.

Сепак, кога судиите се обратиле зошто Мијалков не е спроведен, добиле одговор дека не добиле наредба.

Веќе извесно е дека Мијалков ќе се спаси од одговорност во овој предмет, каде се гони за дело „примање награда за противзаконито влијание“, а поради учество во изборни нерегуларности на изборите во 2013 година. Делото ќе му застари за нешто повеќе од четири месеци, а рочиштата постојано се одлагаат.

Апелација ја укина пресудата во декември 2019 година. Од тогаш до декември 2022 година предметот се суди уште во Кривичен суд. Ова би значело дека е скоро невозможно за четири месеци, пред делото на Мијалков да застари, да се донесе правосилна одлука судска одлука.

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: „А1.он“)