Николовски: Започнуваме отворена битка, никој што го прекршил законот нема да биде изземен

Во борбата кон правично општество и борбата против корупцијата Владата постави јасна цел и темели во четиригодишната програма, да градиме систем кој одвраќа од
злоупотреби на корупција и јасно ја лоцира одговорноста. Пред три месеци на предвремените избори ја добивме довербата од граѓаните и затоа имаме имаме обврска и одговорност да се справиме со сите сериозни предизвици што ги поставува корупцијата пред нас. Бидејќи ветивме дека ќе владее правото, започнуваме отворена битка во која никој што го прекршил законот нема да биде изземен од одговорност.

Ова го порача денеска вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал,одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во втората сесија за антикорупција на „Следна Станица: Европа“–Конференцијата на ЦИВИЛ за човекови права, правда и антикорупција.

„Функционерите се лицето на државата и тие треба да се најдоброто од нас и затоа правата што ги имаат тие функцинери не можат да останат без  контрола. Формиравме работна група чиј прв приоритет е да ги ревидира дискреционите овластувања кога станува збор за именување на функционерите. Позицијата што имам чест да ја извршувам не значи некаква казнена експедиција, ниту пак паралелен систем на постојните институции. Секоја одлука се носи со основа, со анализа и со причина, но
ни треба и будна јавност, храбри и независни медиуми, ни треба невладин сектор. Ние како Влада ќе бидеме партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и на граѓанското општество, регулаторните тела, медиумите и сите кои сакаат да придонесат кон градење на систем на правда што ќе им служи на граѓаните“, беше дециден вицепремиерот Николовски.

Тој нагласи дека заедно со неговиот кабинет се целосно решени да работат на мерки и активности кои ќе придонесат во спречување на корупцијата, да дадат се од себе и до крајот на мандатот да покажат, подвлече, дека можеме поинаку и да постигнат позитивни резултати.

„Процесот не е лесен и факт е дека не може нешто што со години се толерирало, да се реши веднаш. Но затоа за ефикасни мерки и резултат, потребно е вклученост на сите чинители, не само на наделжните иниституции, туку и на невладиниот и приватниот сектор, на медиумите, на граѓаните. Ги охрабрувам сите активно да се вклучат во оваа заедничка борба преку пријавување корупција и без страв од последици“, порача Николовски.

Потсети дека во изминатите три месеци се преземени дел од важните мерки за превенција и борба против корупцијата, но, истакна, има уште многу работа.

Наведе  дека е воведена пракса на интензивна кооординација и меѓуинституционална комуникација на едно место на сите институции надлежни токму за борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Заеднички се детектирани, како што рече, многу слабости и проблеми на кои ќе работат во следниот период, а истите се провлекувале со години, но и влијаеле вврз забавување на процесите и недоверба на граѓаните во институциите.

Такви се недоволната кадровска екипираност, неефикасната дигитализација, отсуство на меѓуинституционална размена на документи, информации и податоци, битни за сите процеси.

Затоа, со поддршка на УНДП, информира Николовски, се започнува проект за подобрување на платформата за интероперабилност, со што ќе се подобри поврзаноста на институциите и нивната меѓусебна размена на
сите податоци и информации.

Николовски говореше и дека инспекциските служби се важен контролен механизам за спроведување на законите, уредбите и протоколите и затоа е воспоставена интензивна координација со инспекциоскиот совет, во насока на поефикасни контроли, а со законските измени ги зголемивме надлежностите на сите инспекциски служби.

Според него, новите измени ја оправдале целта, а резултатите се видливи.

Го спомена и новиот Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и на именуваните функционерии сите други до најниско ниво и истакна дека на тој начин ќе се зголеми транспарентноста и отчетноста на сите институции и ќе се покаже дека законот важи подеднакво за сите и не постои селективност во неговата примена.

Посочи дека пред извесен период имаше разрешувања на функционери што ги прекршија одредбиде од Кодексот.

„Транспрантноста и отвореноста се половина од борбата против корупцијата и затоа Владта донесе одлука со која сите надлежни институции, вклучително општините и градот Скопје се обврзани во рок од 30 дена да ги објават јавно на своите веб страници сите документи и информации поврзани со нивната работа“, рече меѓу другото вицепремиерот Николовски.

Според Сашо Орданоски, во однос на борбата против корупцијата има уште многу да се работи.

Според него, ако се сведе корупцијата на најниски нивоа на секојдневната корупција, како што рече, нашата администрација е далеку од тоа да испорачува ефикасни услуги.

Ордановски оцени дека многу внимание треба да се посвети на работата на органите за прогон, не само на полицијата, туку и на ефикасноста на судството и капацитетот на обвинителтвото.

За Ордановски, оваа власт покажува далеку поголема спремност прво да признае дека постои корупција, но и реално покажува дека сака да се бори со корупцијата, како дел и од нивната политичка агенда.