Ни претстои снег

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните и северозападните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Температурата ќе се движи од три до 10 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Температурата ќе достигне до четири степени.

Значителна промена на времето се очекува од четврток кога поради изразено северно воздушно струење, ќе биде студено проследено со врнежи од снег и повремено силен северен ветер.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри, а поради силниот ветер на места ќе има и снежни наноси.

Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски и насекаде ќе биде под нулата.