Ни случајно не го кажувајте ова …

Ако поубавата половина при расправија ви заличи на ѓаволица, никако немојте да и кажувате дека е налудничава и хистерична затоа што ризикувате да се разгневи уште повеќе.

Кога ќе кажете „Зошто си толку хистерична?“ ја затварате вратата за понатамошна комуникација, затоа што место да прашате во што е проблемот и за него да разговарате, вие етикетирате и тоа на најлош можен начин. Со тоа што ја нарекувате ирационална, покажувате дека немате слух за нејзините емоции и дека очекувате да ги контролирате чувствата.

Во секоја расправија треба да ги раздвоите лицето и нејзиното однесување, па ако и морате речете „се однесуваш ирационално“, наместо „луда си“, иако најдобро би било квалификациите од овој сектор потполно да ги исфрлите од речникот.