Новак емотивен после трофејот: Стефан, те сакам најмногу

LinkSense.mk

Не можеше Новак Ѓоковиќ да ги сокрие емоциите после 13 гранд слем титула и победата над Кевин Андерсон во финалето на Вимблдон. Со пехарот во рацете тој даде интервју на теренот, а прво погледна кон ложата каде што беше неговиот син Стефан.

Прв пат во животот некој од трибините вика ‘тато, тато’. Те сакам најмногу“, рече Ѓоковиќ.

Стефан не беше на трибините во текот на средбата.

Дојде на крајот, затоа што според правилата децата помлади од пет години не смеат да гледаат меч. Не можеше во живо да ме бодри, но ако го држав овој трофеј и во иднина, ќе може. Навистина не можам да опишам колку сум среќен“, изјави освојувачот на вимблдонскиот пехар.

За време на турнирот се појави снимка како тренира со синот.

Тој е најдобриот спаринг партнер што сум го имал досега“, па продолжи во посериозен ритам.

Морам да му честитам на Кевин, тој и неговиот тим го заслужија финалето, во првите два сета не играше добро, но во третиот беше подобар тенисер и драго ми е дека пронајдов начин да го освојам тој сет“.

Ѓоковиќ е свесен дека има уште многу да работи за да се врати во старата форма, за да се врати на тронот.

Морам да верувам на целиот овој процес и да верувам во себе. Не беше лесно, имав операција, шест месеци бев надвор од терените, со вакво нешто првпат се соочив. Имаше доста сомнежи и недоумици, но не постои подобро место за враќање од ова натпреварување. За овој пехар мечтаев уште како мал.“