Новата варијанта на корона поопасна од „делта“?

LinkSense.mk

Нова варијанта на ковид-19, која е именувана Б.1.1.529, идентификувана е во Јужна Африка, а тамошните официјални лица велат дека состојбата е многу загрижувачка.

Се стравува дека новиот вид би можел да поттикне нов бран на епидемија во многу земји и да изврши притисок на здравствените системи, комплицирајќи ги напорите за повторно отварање на економиите и границите.

Европските берзански индекси и фјучерси на сировата нафта паднаа, а владите ширум светот почнаа да забрануваат патници од Јужна Африка и околните земји.

Што е поинакво во оваа варијанта?

Научниците велат дека Б.1.1.529 носи голем број мутации во својот шилест протеин, кој игра клучна улога во влегувањето на вирусот во ќелиите во телото. Тоа е она што е цел на вакцините. Истражувачите сеуште се обидуваат да утврдат дали е попренослива или посмртоносна од претходните варијанти.

Од каде доаѓа?

Засега постојат само шпекулации. Еден научник од УЦЛ Генетикс институтот во Лондон вели дека веројатно еволуирал во текот на хронична инфекција на имунокомпромитирано лице, веројатно кај нелекуван пациент со ХИВ/СИДА. Јужна Африка има 8,2 милиони луже заразени со ХИВ, најмногу на светот. Бета варијантата, идентификувана минатата година во Јужна Африка, се претпоставува дека исто така е дојдена од лица заразени со ХИВ.

Колку е распостранета?

Од четвртокот се откриени речиси 100 случаи во Јужна Африка, каде што стана доминантен вид меѓу новите инфекции.

Резултатите од ПЦР тестовите покажаа дека 90 отсто од 1.100 нови случаи, пријавени во средата во јужноафриканската провинција која го вклучува и Јоханесбург, се предизвикани со новата варијанта“, вели Тулио де Оливеира, професор по био-информатика кој води оддели за секвенцирање на гени на два јужноафрикански универзитети.

Во соседна Боцвана епидемиолозите во понеделникот забележаа четири случаи кај луѓе кои биле целосно вакцинирани.

Во Хонг Конг е пронаден новиот вид на корона кај патник од Јужна Африја, а идентификуван е уште еден случај кај лице кое било во карантин во хотелска соба.

Израел, исто така, идентификувал еден случај на „омикрон“ кај човек кој неодамна патувал во Малави.

 

Тулио де Оливеира, директор на Центарот за епидемиски одговор и иновации во Јужна Африка, вели дека е „загрижен“ заради овој нов вид и дека тој е причина за околу 90 отсто од 1.100 регистрирани случаи на вирусот во средата во провинцијата Гаутенг. Необично е, истакнува тој, дека овој вид може да се открие со анализа на резултати од редовни ПЦР тестови, беа употреба на генско секвенцирање.

Клучно прашање на кое треба да се одговори е како е точно ефектот на овој вид на ковид на вакцините

                                               Тулио де Оливеира

 

Како одговорија финансиските пазари?

Вестите за новата варијанта ги разбрануваа финансиските пазари во петокот заради што акциите на нафтата драстично паднаа, а заедно со нив и акциите поврзани со патувања.

Јенот, кој обично се смета за средство со стабилен курс, порасна за 0,6 отсто во однос на доларот, додека јужноафриканскиот ранд падна на едногодишен минимум.

Акциите во Соединетите Американски Држави, кои ќе продолжат да се продаваат и купуваат после празникот, Денот на благодарноста, би требало да бидат пониски.

Европските акции од јули до сега бележат најголем пад, со индекс на Еуро Сток 50 за 3 отсто.

Фјучерсите на суровата нафта во Њујорк паднаа за дури 6,4 отсто и се тргуваа под 74 долари за барел. Бакарот, никелот и алуминиумот паднаа за најмалку 2 отсто на тргувањето во Лондон.

Како реагираат другите држави?

Велика Британија издаде времена забрана за летови од шест африкански земји, а другите го следеа тој пример.

Сингапур го ограничува влегувањето на луѓето кои престојувале во Јужна Африка и соседните земји во последните 14 денови, додека Европската унија предложи запирање на воздушниот сообраќај од Јужна Африка.

Австралија соопшти дека нема да исклучи заострување на граничните правила за патници од Јужна Африка ако состојбата ескалира, додека Индија ја засили контролата на дојдовните патници од Јужна Африка, Боцвана и Хонг Конг.

Колку е оваа варијанта загрижувачка?

Засега е прерано да се каже. Светската здравствена организација соопшти дека постојат помалку од 100 цели генски секвенци на новиот вид, што би можело да допринесе на времето кое е потребно за проучување на неговото споредување со претходните видови и неговото влијание на ковид терапијата и вакцините.

Вирусите мутираат цело време, а промените понекогаш го прават вирусот послаб или го прават повешт во одбегнувањето на антителата и инфицирањето на луѓе.

На што треба да внимаваме?

Светската здравствена организација вчера свика состанок за да разговараат за Б.1.1.529 и да се одлучи дали тој ќе биде официјално означен како варијанта од интерес или загриженост. Повеќе детали за тоа колку е варијантата заразна и смртоносна би требало да дојдат додека истражувачите продолжат да ги истражуваат податоците за „омикрон“.