Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Новата Влада во Софија го задржува ставот кон Скопје, ќе ги надградува односите „во конструктивен дух“
Македонија

Новата Влада во Софија го задржува ставот кон Скопје, ќе ги надградува односите „во конструктивен дух“

декември 14, 2021Updated:декември 14, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новата бугарска Влада ќе ја задржи единствената позиција кон Северна Македонија, предвидува делот за надворешна политика од коалицискиот договор на партиите што го сочинуваат новото парламентарно и владино мнозинство.

Во додатокот на документот, како што објавија бугарски медиуми, се наведува дека односите ќе се надградуваат „во конструктивен дух“ и се опишуваат чекорите како тоа ќе се постигне.

Првиот чекор е да се активира работата на билатералните комисии предвидени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка преку календар на месечни состаноци. Планирано е формирање деловни комисии (со учество на добавувачи и клиенти во секоја од двете земји). Уште еден чекор е засилена соработка во областа на транспортот, меѓу кои се директното воздушно поврзување Софија-Скопје, изградба на Коридорот 8, финансиската поддршка за железничкото поврзување.

Предвидено е интензивирање на соработката во областа на науката и културата (заеднички културен календар, заеднички научни конференции).

Други начини на кои ќе се работи за приближување со Скопје се: да се продолжи работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања; Бугарија очекува властите на Република Северна Македонија да обезбедат трајна заштита од дискриминација и еднакви права на македонските граѓани со бугарски идентитет како составен дел на европските вредности; размена на архиви од периодот 1944-1991 година со цел рехабилитација на жртвите на репресијата; активирање на јавната дипломатија како алатка; поддршка на интеграцијата на Pепублика Северна Македонија во ЕУ преку пренесување на бугарските искуства.

 

 

ИЗВОР: МИА

 

актуелно нова влада скопје Софија став
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.