Нова бегалска трагедија: Се преврти брод кај Тунис, има настрадани

LinkSense.mk

Најмалку две лица загинаа, а 21 се водат за исчезнати откако бродот со кој пловеле се преврти кај брегот во Средоземно море, потврдија туниски официјални лица.

Спасени се седум луѓе, а според зборовите на портпаролот на судот во Махдиј, пристаниште во Тунис, крајбрежната стража ја алармирал еден од преживеаните.

Ферид Бен Џа за агенцијата АП изјавил дека на бродот биле 30 избеглици, сите државјани на Тунис, кои сакале преку медитеранот да стасаат до Италија, и потврдил дека обвинителството покренало кривична истрага заради криумчарење луѓе.

Едно припадник на крајбрежната стража, кој зборувал под услов да остане анонимен, затоа што не му било дозволено да комуницира со јавноста, рекол дека до бродоломот најверојатно дошло заради лошите временски услови, дека бродот бил премал, најмногу за шест луѓе, а на него имало шест пати повеќе.

Неколку туниски бродови се вклучени во денешната спасувачка операција на отворено море, потврди истиот извор.

 

 

 

(Фото: Архива / АП)