Стигна нова закана за компјутерската сигурност. Нова, многу ефикасна техника која цели на Gmail и на други слични сервиси.
Како функционира?
Напаѓачот на вашата адреса на Gmail испраќа е-пошта. Може да ви стаса и од некој кого го познавате, ако напаѓачот веќе успеал да го хакира тоа лице. Постои можност да содржи и прикачена фотографија и наслов и текст кои би можеле да ви бидат познати.
Ќе кликнете на сликата, очекувајќи дека Gmail ќе ви даде можност за првичен преглед на прикачениот материјал. Но, место тоа ќе ви се отвори нов „таб“ со адреса accounts.google.com во кој од вас ќе се бара повторно да се логирате на Gmail.
Иако страницата изгледа речиси идентично како и Google webmail, немојте тоа да го правите затоа што ќе им отворите врата на хакерите.
Хакерите многу брзо се логираат во вашата корисничка електронска пошта, каде што можат да располагаат со сите ваши стасани и испратени пораки. А, кога еднаш ќе провалат во мејлот, потоа им е многу полесно да дојдат и до други сервиси.
Постои можност иста техника да употребуваат и на други платформи.
Во Google се свесни за проблемот и работат на негово решавање.
Се до сега еден од клучните елементи за проверка на тоа дали имате работа со хакери беше да погледате дали сте на вистинското веб одредиште. Тоа сега нема да ви помогне, барем не така како што тоа до сега сте го правеле.
Прва мерка за сигурност: Ако адресата не почнува со, како на пример, https://accounts.google.com туку има нешто слично на data:text/html, воопшто не се логирајте.
Втора мерка за сигурност: Вклучете двојна проверка каде што и кога што е тоа возможно.
Значително ќе им ја искомплицирате работата на напаѓачите, дури и ако успеат да ја украдат вашата лозинка.
Засега нема некој посигурен начин со чија помош можете да проверите дали сте хакирани со оваа метода. Најдобро што можете да направите, ако се сомневате во упад, е да ја смените лозинката. Што е инаку и препорачливо, барем неколку пати во годината.
Иато така, можете да проверите дали некој освен вас се логирал во вашиот Gmail.
Отворете Gmail, одете во долниот десен агол и кликнете на Details. Ќе добиете преглед на последните активности поврзани со вашето корисничко сандаче. Ако забележите нешто што не било ваше дело, време е за тревога.