Вработени во Кривичниот суд Скопје 1 поднесоа кривична пријава против претседателот Владимир Панчевски.
Тие го обвинуваат Панчевски за злоупотреба на службената положба,
Тврдат, незаконски си вработил блиска пријателка како судски администратор во кривичниот суд.
Според пријавата, Панчевски на 4 ноември, спротивно на законот, наместо предвидениот јавен оглас, распишал интерен оглас за судски администратор.
Раководителот на Одделот за човечки ресурси Горан Стеменковски барал поништување на одлуката, но Панчевски не го сторил тоа.
Една недела подоцна Роза Кавазова, претходно службено лице за посредување со информации од јавен карактер во судот, станала судски администратот.