Јавното обвинителство води истага против повеќе невладини организации и партијата БЕСА за, наводно, незаконско финансирање на изборниот процес, открива Нова ТВ повикувајќи се на свои извори во истрагата кои поради личната безбедност побарале да останат анонимни.
Според информациите на Нова ТВ, станувало збор за невладини организации кои биле финансирале од странски донатори и од фондацијата „Институт Отворено Општество“.
Предметот бил оформен помеѓу 20 и 30 декември, непосредно по завршувањето на предвремените парламентарни избори или три дена по прогласот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во којшто најави борба со невладниот сектор и „десороизација“, и истиот бил доставен до МВР.
Во истрагата, наведува Нова ТВ, се вклучени полициските безбедносни служби, а со целиот тим раководел директорот на Бирото за јавна безбедност.
Нова ТВ не успеала да добие одговори од надлежните институции.