Нови правила за влез во Германија

LinkSense.mk

Сите лица кои не се вакцинирани или кои не го прележале корона вирус, а доаѓаат во Германија од високоризичните земји, од утре ќе мораат во десетдневна изолација по влегувањето во државата.

Оваа информација е потврдена вчера од Институтот Роберт Кох, а на листата на ризични држави додадена е и Хрватска.

Самоизолацијата може да иде прекината после пет дена ако се приложи негативен ПЦР тест.

За сите повратници во Германија задолжителна е пријава пред доаѓањето во земјата, а вакцинираните и лицата кои го прележале ковид-19 можат при пријавувањето треба да приложат и потврда за вакцинација или прележана болест со што бидат ослободени од карантнин.

Од 12 септември пред влез во Германија мора да се пополни дигитална пријава – Eireiseanmeldung.

Влез од државите кои не се во Европската унија или во Шенген, но и од оние на кои Германија им овозможува непречен влез, можен е само за потполно вакцинираните лица за која било намера (вклучувајќи посети или туризам).