Нови санкции за Белорусија: На тапет 86 лица

Советот на Европската унија на ниво на министри за надворешни работи ќе го усогласи денеска четвртиот пакет санкции против Белорусија, соопшти високиот претставник на Унијата за надворешна политика, Жозеп Борељ, по доаѓањето на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ.

Денес ќе го договориме четвртиот пакет санкции против Белорусија. Новите санкции ќе се воведат против 86 физички лица и компании“, соопшти Борељ.

Шефот на дипломатијата на Финска, Пека Хависто, рече дека санкциите ќе бидат воведени „заради кршење на човековите права и притисоци врз опозицијата“, како и дополнителни санкции заради принудното слетување на авионот на „Рајан Ер“.

Според зборовите на Борељ, економските санкции на Унијата против Белорусија ќе бидат тема на Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 24 и 25 јуни и после тоа ќе бидат усвоени. Борељ информираше дека тие санкции ќе бидат насочени кон белорускиот извоз во земјите членки на Европската унија, а за конкретни гранки е рано да се зборува.

Да се потсетиме, авион на компанијата „Рајан Ер“, кој леташе од Атина за Вилнус, принудно слета на 23 мај на аеродромот во Минск заради дојава дека во леталото била подметната бомба. Информацијата дали била најдена експлзивна направа не е потврдена.

Белоруските активисти за човекови права соопштија дека основачот на каналот на Телеграм „Некста“, којшто во Белорусија се смета за ектрмистички, Роман Протасевич, летал со овој авион и дека е приведен при пороверката на аеродромот во Минск.

Протасевич во оваа зземја е ставен на списокот на лица вмешани во тероризам.

Против него е покрената кривична постапка по неколку основи, вклучувајќи и за „организирање на масовни нереди“. Нему му се заканува казна од 15 години затвор.