Нови цени на горивата од полноќ

LinkSense.mk

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија денеска на состанок ќе донесе нови цени за нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Моментално, ова се актуелните цени на нафтените деривати:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 83,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 85,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм),

РКЕ по состанокот ќе ги соопшти резултатите, по што дополнително ќе информираме за новите цени кои ќе важат од вечер, по полноќ.