Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент.

Во последните 24 часа, како што соопшти Министерството за здравство, се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на КОВИД-19, во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје-60, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-15, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-7, Гостивар-35, Радовиш- 1, Крушево-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-5, Ресен-1.

Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови, која имала 51
година.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројот на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.306.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5207, активни 1157

• Куманово 1173, активни 266

• Дебар 219, активни 128

• Штип 988, активни 342

• Прилеп 346, активни 38

• Тетово 1099, активни 175

• Струга 485, активни 151

• Велес 238, активни 26

• Битола 169, активни 76

• Охрид 301, активни 75

• Кавадарци 126, активни 97

• Гостивар 585, активни 285

• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран,
3 на Богданци)

• Струмица 41, активни 25

• Крива Паланка 29, активни 15

• Радовиш 36, активни 11

• Крушево 16, активни 3

• Кочани 115, активни 26

• Пробиштип 64, активни 18

• Демир Хисар 47, активни 33

• Македонски Брод 55, активни 42

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 9, активни 5

• Валандово 7, активни 1

• Виница 36, активни 32

• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 3

• Свети Николе 244, активни 103

• Кичево 219, активни 133

• Ресен 146, активни 11

• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир
Капија)

Од направените 1.885 теста, преку ИЈЗ се 814, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-161, Биотек-202, МАНУ -128, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -255, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-24, ГАК-10.

Досега во земјата се направени вкупно
11.7475 тестирања на КОВИД -19.

Денеска нема тестирања во рамките
на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет
пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти.

На кислородна поддршка се 25 пациенти, а нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и четири деца позитивни на вирусот и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје примени се 12 нови, а вкупно се хоспитализирани 86 пациенти.

На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти–позитивни и сомнителни на КОВИД-19.