Нови 296 случаи со Ковид-19, 109 оздравени, осум починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи со Ковид-19: Во Скопје – 143, во Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, во Тетово – девет, Куманово – осум, Струга – шест, Охрид – пет, во Прилеп, Радовиш и Дебар по три, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип по двајца и во Велес, Кавадарци, Виница и Кратово по еден.

Регистрирани сe 109 оздравени пациенти, од Тетово – 42, од Скопје – 33, Гостивар – 12, од Куманово шест, од Кавадарци четири,тројца од Струмица, по двајца од Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево и од Велес еден.

Осум лица починаа, од нив три од Гостивар, по две од Струга и Тетово и едно лице од Кочани. Починати се во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие направени се 3.480 тестови. Досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројот на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а на активни случаи изнесува 5.937.

 

 

(Фото: МИА)