Нови 640 случаи на Ковид-19, оздравени 143 и 12 починати

„Во последните 24 часа направени се 2 634 тестирања и регистрирани се 640 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 143 пациенти и починати се 12 лица“, информираат од Министерството за здравство.

Починатите се на возраст од 63 до 89 години. Двајца се од Велес, седум од Скопје, еден од Прилеп, еден од Штип и еден од Струмица.

Сите се починати во болнички услови.

Моментално најмногу активни случаи имаат Скопје–3 174, по што следат Струмица–383, Тетово–345, Куманово–290 и Прилеп–278.

Трицифрени бројки има во Кочани, Штип, Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Гостивар и Кичево.

Активни случаи по општини во Скопје најмногу има во Аеродром–631,
Карпош–511, Центар–484, Гази Баба–379, Кисела Вода–366, Ѓорче Петров–255, Чаир– 151, Бутел–127, Илинден–51, Сопиште–26, Сарај–21, Петровец –20, Шуто Оризари–19, Чучер Сандево–12, Арачиново–10, Зелениково–8, Студеничани–6.

Меѓу актинте на територија на Скопје има и 16 странци и 81 нераспределен.

Најмногу новозаразени се регистрирани во Скопје–272, по што следи Куманово – 43, Прилеп, Тетово и Кавадарци по 41, Струмица и Охрид по 24, Кочани–20 и Штип и Кичево по 17.

Во Гостивар се регистрирани 12 новозаразени, во Велес и Гевгелија–11 и Битола и Неготино–10, Радовиш–9, Свети Николе–7, Дебар–5, Струга, Виница и Ресен по 4,
во Пробиштип, Валандово и Делчево по 3 и по двајца во Крива Паланка и Берово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од, кои најмногу во Скопје–71, по што следи Тетово–10, Струмица–9, Штип–7, Кочани–6, Куманово и Гостивар по 5, Струга–4, по тројца во Битола, Охрид, Кавадарци,Берово и Валандово, по двајца во Велес, Гевгелија и Неготино, и по еден во Дебар, Радовиш и Кичево.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 25 473, бројката на оздравени пациенти е 18 047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 115 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 90 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти.

На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19.