Нови 72 случаи со Ковид-19, тројца починати, 54 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1.

Починаа тројца пациенти од кои еден од Струмица (44 г.), еден од Гостивар (58 г.) веднаш по прием и еден од Охрид (79 г.).

Сите се починати во болница.

Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравени пациенти од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на
епидемијата изнесува 15.293, бројката на оздравени пациенти е 12.754,
на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата
изнесува 1.905.

Денеска се регистрираат пет контролни од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.177, активни 588

• Куманово 1.554, активни 230

• Дебар 264, активни 31

• Штип 1.191, активни 90

• Прилеп 532, активни 140

• Тетово 1.260, активни 105

• Струга 604, активни 60

• Велес 281, активни 21

• Битола 231, активни 40

• Охрид 377, активни 53

• Кавадарци 191, активни 26

• Гостивар 825, активни 103

• Гевгелија 77, активни 45 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран,
11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 83, активни 30

• Крива Паланка 62, активни 18

• Радовиш 48, активни 8

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 169, активни 39

• Пробиштип 91, активни 16

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 80, активни 13

• Пехчево 38, активни 26

• Берово 69, активни 35

• Валандово 10, активни 2

• Виница 84, активни 27

• Делчево 111, активни 80 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска
Каменица)

• Кратово 24, активни 6

• Свети Николе 302, активни 25

• Кичево 286, активни 40

• Ресен 147, активни 0

• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир
Капија)

Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-7, Авицена-181, Биотек-80, Клиника „Жан Митрев“-121, Систина со PCR метода -98, лабораторија Лаор –1, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-4, ГАК-14.

Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на Ковид -19.

Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум
пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти од кои на кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се две деца и три мајки позитивни на Ковид-19, пет деца и две мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се шест пациенти.

Вкупно хоспитализирани се 26 пациент од кои на респираторна машина се
четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип
се хоспитализирани 57 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 56

• Гази Баба – 75

• Аеродром – 98

• Карпош – 68

• Центар – 65

• Кисела Вода – 55

• Ѓорче Петров – 37

• Бутел – 39

• Шуто Оризари – 23

• Студеничани – 16

• Сарај – 16

• Арачиново – 10

• Илинден – 12

• Сопиште – 4

• Чучер Сандево – 1

• Петровец – 4

• Зелениково – 1

• Странец – 4

• Нераспределен-4.