Нови 824 случаи на Ковид-19, оздравени 682 пациенти и 31 починат

Нови 824 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 3.988 тестирања.

Оздравеле 682 пациенти, а починале 31 од кои најмладиот е на 38- годишна возраст.

Од новозаболените во Скопје се регистрирани 313 случaи, во Куманово – 75, Битола – 59, Прилеп – 46, Тетово, Велес и Кавадарци – по 30, Штип и Струмица – по 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Кичево – 16, Свети Николе – 15, Гевгелија – 14, Делчево – 13, Богданци – девет, Неготино – осум, Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница – по седум, Ресен и Валандово – по шест, Радовиш – пет, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по четири, Крушево и Кратово – по два, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по еден случај.

Пријавени се вкупно 31 починато лице, од кои 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по три од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), двајца од Прилеп (67г и 80г ) и по еден починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г). Еден пациент е починат во домашни услови, а другите 30 во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 146.733. Бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.