Нови 862 случаи на Ковид-19, починати 14 лица, оздравени 223

Нови 862 случаи на Ковид-19 регистрира денеска Институтот за јавно здравје. Од нив, во Скопје – 390, Прилеп – 55, Велес – 53, Тетово – 48, Битола – 31, Штип – 28, Струмица – 27, Кочани – 25, Кавадарци – 24, Куманово – 22, Охрид и Гостивар по 18,
Кичево – 17, Гевгелија и Пробиштип по 12, Крива Паланка – десет, Струга и Виница по девет, Неготино – осум, Радовиш – седум, Валандово, Кратово и Свети Николе по шест, Делчево – пет, Демир Хисар – четири, Пехчево, Берово и Ресен по три, Крушево – два и во Македонски Брод еден случај.

Како што соопшти Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје денеска регистрира 223 оздравени пациенти од: Скопје-75,Тетово-27, Прилеп-16, Гевгелија и Струмица по 14, Битола – 13, Штип–десет, Куманово – девет, Кочани – седум, Велес, Кавадарци, Радовиш по шест, Гостивар – пет, Кичево – четири, Берово – три, Демир Хисар и Свети Николе по два, Пехчево, Кратово, Ресен и Неготино по еден случај.

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77 години), еден од Прилеп (54 години), еден од Тетово (88 години), еден од Струга (66години), еден пациент од Велес (78 години), еден од Битола (76), двајца пациенти од Струмица (63 и 68), еден од Радовиш (66) и еден пациент од Ресен на 83-годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587.

Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 12753, активни 4138

• Куманово 2211, активни 361

• Дебар 331, активни 53

• Штип 1626, активни 246

• Прилеп 1227, активни 404

• Тетово 2078, активни 471

• Струга 814, активни 104

• Велес 639, активни 258

• Битола 637, активни 236

• Охрид 675, активни 217

• Кавадарци 471, активни 195

• Гостивар 1163, активни 178

• Гевгелија 357, активни 166 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 52 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 846, активни 471

• Крива Паланка 228, активни 81

• Радовиш 224, активни 79

• Крушево 25, активни 5

• Кочани 684, активни 211

• Пробиштип 184, активни 50

• Демир Хисар 81, активни 17

• Македонски Брод 104, активни 8

• Пехчево 60, активни 8

• Берово 201, активни 45

• Валандово 101, активни 39

• Виница 175, активни 65

• Делчево 242, активни 111 (56 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 46, активни 16

• Свети Николе 468, активни 74

• Кичево 531, активни 149

• Ресен 238, активни 60

• Неготино 138, активни 71 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2699 теста се преку: ИЈЗ-820, ЦЈЗ Скопје-115, Авицена-528, Биотек-265, МАНУ -194, Жан Митрев (Филип Втори) -315, Систина со PCR метода -223, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-83, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-77, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 243.357 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти.

На кислороднаподдршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се девет деца и девет позитивни мајки, шест деца и четири мајки суспектни на ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ има седум приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти.

На респиратор се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип
се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 320 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 198

• Гази Баба – 543

• Аеродром – 760

• Карпош – 610

• Центар – 573

• Кисела Вода – 510

• Ѓорче Петров – 351

• Бутел – 201

• Шуто Оризари – 37

• Студеничани – 16

• Сарај – 32

• Арачиново – 8

• Илинден – 72

• Сопиште – 36

• Чучер Сандево – 22

• Петровец –23

• Зелениково -13

• Странец – 27

• Нераспределен- 106