Ауди и компанијата Алта Дивајсес (Alta Devices) со заеднички сили ја развија технологијата за интегрирани тенки и ефикасни соларни ќелии во панорамските стаклени покриви на автомобилите, објави компанијата од Инглоштад.
Со вградување на соларни фотонапонски колектори во панорамскиот покрив на електричните автомобили ќе им се овозможи надополнување на нивните батерии Шили покренување на некои електрични системи на возилото) и, логично, продолжување на „користењето“ меѓу две полнења.
План на производителот е да изгради автомобил чиј цел покрив ќе функционира како соларна плоча и така би помогнал при полнење на батериите од чист обновлив извор.
Иако од Ауди велат дека нивните нови тенки и флексибилни соларни ќелии имаат ефикасност од преку 25 проценти, и дека работат и во услови на слаба светлина и при високи температури, за сега не откриваат колку електрична енергија навистина можат да произведат ќелиите кои покриваат релативно мала површина каква што е покривот на автомобилот.
Се претпоставува дека нивниот ефект врз „дометот“ на автомобилот до следното полнење би бил мал, но во компанијата се надеваат дека тое е само прв чекор кон иднината во која ќе биде можно да се има потполно нов соларен автомобил со афтономија прифатлива за просечниот корисник.
Првиот прототип на ваков електричен автомобил со соларен покрив ќе го прикажат, велат од Ауди, до крајот на оваа година.







