Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
  • Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан
  • Македонија има најскап гас во Европа според куповната моќ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нов видео запис за божиќна каланда – коледарска песна „Христос се роди денес“
Култура

Нов видео запис за божиќна каланда – коледарска песна „Христос се роди денес“

јануари 5, 2020Updated:јануари 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Видео записот за божиќната каланда – коледарска песна „Христос се роди денес“, е веќе во завршна фаза.

Се очекува пред самиот празник, видео спотот да биде пуштен во јавноста,
информираат на својата веб страница од Бигорскиот манастир.

Песната е во изведба на Верче Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Режијата, монтажата и продукцијата на видеото е на Даниел Јовески.

Песната е снимена во студиото „Фаме’с“.

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“, а со благослов и соработка на Бигорскиот манастир, се направи музички аранжман за древната каланда „Христос се роди денес“.

Аранжманот за музиката го направи Владимир Димовски, а во оркестарот музичари учествуваа, на виолина: Владимир Костов, Елена Талевска, Петар Тасески, Ѓоргина
Поповска, Марија Јанчулеска, Владимир Цветковски, Коста Андоновски, Бранислав Автовски, Момчило Куфојанакис, Игор Милевски; виоли: Марија Димитријевиќ, Александар Стојчевски, Александар Лаовски; на виолончело: Кирил Јосифов, Паскал Краповски, Љупка Манчевска Каевиќ; на контрабас: Митко Иванов; на кларинет: Петар Христов, на канон: Тимко Чичаковски и на харфа: Симона Богоевска.

Диригент и синтисајзер: Иван Еминовиќ.

Со ова, всушност, како што се посочува „Бадникови поворки“ и годинава го одржа ветувањето дека за секој Божик ќе возобновува по една стара коледарска песна.

Од Бигорскиот манастир наведуваат дека во севкупното остварување на овој проект учествуваа над 80 луѓе, меѓу кои познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски.

Костимографијата ја направи Жаклина Крстевска Караѓозоска, а за шминката се погрижија Викторија Бурсак и Маргарита Миновски.

Каландата „Христос се роди денес“ е продолжение на процесот за возобнова на древните божикни традиции, со кои побожно се славело Рождеството Христово.

Пеејќи ги Божикните каланди, верниците, особено најмладите, на Бадник го објавувале насекаде со радосно ликување доаѓањето на Божјото Слово на земјата.

Но, во тоа празнично возвестување учествувале, се разбира, и возрасните, кои често, организирани во групи заедно со неколку музичари, попладнето на Бадник, оделе од куќа на куќа и пееле каланди.

Годинешниов спот го прикажува токму тоа, информираат од Бигорскиот манастир.

Во продолжение текстот на каландата, како и прилогот со изјавите на дел од актерите:

Христос се роди денес

Добровечер, домаќини, ако има во вас желба,
да раскажам за светото раѓање на Христа Бога.

Христос се роди денес во Витлеем јудејски,
небесата се веселат, сета твар се радува.

Во пештера се раѓа, во јасли на животните,
Царот на небесата и Творецот на вселената.

Мноштво на ангели пеат: „Слава во висините“
и достојна за восхит е верата на пастирите.

Од Персија доаѓаат, тројца мудреци со дарови,
ги води светла ѕвезда, без да ги задоцнува.
Во овој дом што пееме, камен да не падне,
домаќинот на куќава, долго жив да биде.

И добра ноќ, одморете, па во црква брзо појдете,
на светата Литургија со многу побожност и радост.

И дома штом се вратите, на трпеза да каснете,
дајте и на сиромаси, за никој да не снема.

Дајте ни нам што пееме, колку има во вас желба,
и Христос Бог наш секогаш помошник да ви биде.

„Христос се роди денес“ божиќна каланда видео запис коледарска песна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.