НОВ ДЕН, НОВИ ЗАКАНИ: Дојава за бомби во 19 школи – сите лажни

LinkSense.mk

Лажни се и денешните дојави за поставени бомби кои стигнаа на мејл-адресите на 19 училишта во Македонија.

Министерството за внатрешни работи информира дека по добиените пријави за заканувачките пораки, екипи од Одделот за антитероризам излегле на терен и направиле проверки на објектите. Утврдено е дека дојавите за бомби во 18 скопски и едно прилепско школо се лажни.

„Направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за, наводно, поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираат од Министерството.

За учениците да не губат настава, Министерството за образование и наука вчера им препорача на училиштата да организираат онлајн настава во деновите кога ќе добијат закана за поставена бомба.

Вчера премиерот Димитар Ковачевски рече дека има интересни првични резултати од истрагата за дојавите, но не откри детали. Се чини дека на повидок има сознанија за можни сторители.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: МИА)