Како што пишуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид планира да ги продолжи договорите на Лука Модриќ и Тони Крос, а новите договори би требало да бидат потпишани пред крајот на тековната сезона.
Состанокот меѓу претседателот Флорентино Перез и Лука Модриќ се одржа зад затворени врати пред реванш натпреварот од полуфиналето на Кралскиот куп против Барселона на 5 април, пишува „Атлетик“.
Перез, кој има одлични односи со Модриќ, го цени фактот што Модриќ инсистирал на состанок и останување во Реал, и дека не го интересираат дури и побогатите понуди од Саудиска Арабија, Катар и Америка – пишува споменатиот шпански медиум.
Хрватските медиуми, кои се повикуваат на шпанска „Марка“, откриваат дека платата на Модриќ ќе изнесува 23,8 милиони евра на годишно ниво.
(Фото: АП)







