Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во Егејското море, на подрачјето на Измир.
Турските власти соопштија дека епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина од 11,88 километри, во близина на градот Карабурун и дека нема податоци за повредени и за причинета материјална штета.
Во силниот земјотрес кој во понеделникот го погоди западното крајбрежје на Турција и грчкиот остров Лезбос загина една жена, десетина лица беа повредени, а зградите се тресеа од турски Измир до грчката престолнина Атина.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала беше на околу 84 километри од Измир и 15 километри јужно од Лезбос, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.







