Нов лек против Ковид-19: Словенија користи моноклонски антитела

Словенија почна да користи третман на лечење со моноклонски антитела на некои пациенти заразени со корона вирус, соопшти словенечкото Министерство за здравство.

Словенија прими 1.000 дози од експерименталниот лек кој го разви биотехнолошката компанија „Регенерон“, како дел од договорот со Европската унија, пишува СТА.

Лекот моментно има дозвола од Агенцијата за лекови на Словенија и се дава на пациенти со тешки симптоми во раниот стадиум на заболувањето.

На почетокот на јули Словенија изрази интерес за набавка на 1.000 дози од лекот со моноклонски антитела, „Сотромиваба“, кого го произведува британската фармацевтска компанија „ГСК“.

Официјални лица од Министерството за здравство на Словенија разговараа и со претставници на компанијата „Фајзер“ за употреба и на нивниот лек со моноклонски антитела што во моментов е во фаза на развој.

 

 

(Фото: АП)